И по два месеци од неговото преземање на претседателската функција, Владимир Зеленски останува во голема мера непознат за европските главни градови. Неговите вистински планови и цели ќе бидат откриени по парламентарнит избори во Украина, кои ќе се одржат кон крајот на годинава, пренесува „Карнеги јуроп“.

Антикорупциските реформи и видливиот напредок кон мирот во украинскиот регион источен Донбас, кој е воено разурнат, станаа две клучни политички полиња спрема кои ќе се мери реформската агенда на Зеленски. Блискоста на претседателот со олигархот Ихор Коломојски и понатаму предизвикува сериозна загриженост.

Зеленски внимателно го изготви своето обраќање до украинскиот парламент на денот на неговата инаугурација, во кое тој го распушти парламентот до следните предвремени парламентарни избори од октомври до 21 јули. Со тоа тој сакал да ја демонстрира неговата политичка одлучност. Официјалното оправдување за распуштањето беше колапсот на владината коалиција предводена од блокот на поранешниот претседател Петро Порошенко.

Доколку се добие зелено светло за предвремени избори, истите ќе мора да бидат организирани за помалку од еден месец. Партијата на Зеленски, и покрај одредениот степен на неизвесност, очекува позитивен резултат без разлика на тоа кога ќе се одржат изборите.

Централното прашање е дали Зеленски ќе мора да формира коалиција во парламентот, или пак, неговата партија ќе успее самостојно да го освои мнозинството на гласови.

На Зеленски итно му е потребна убедлива победа на парламентарните избори за да добие шанса да го користи политичкиот простор што го овозможува украинскиот устав.

Неговите вистински планови и цели ќе бидат откриени по парламентарните избори, односно после јули или октомври годинава. Дотогаш, домашната и меѓународната јавност единствено ќе можат да претпоставуваат кои ќе бидат приоритетие и главните цели на Зеленски.

Во меѓувреме, неговите патувања во главните градови на Европа придонесуваат, во најмала така, да се оформи слика за него како личноста која стои зад претседателството и делумно ги конфигурира мрежите на политиките.