Принцот Чарлс и војвотката Камила пеш се упатија кон нивната следна закажана активност во центарот на Атина – посета на црквата Капникареа што се наоѓа на една од најпознатите туристички и трговски улици во строгиот центар на грчката престолнина.

Под силно полициско обезбедување, пропратено од голем број на акредитирани грчки и странски новинари, принцот Чарлс и војвотката Камила прошетаа низ Атина. Ги пробаа грчките традиционални крофни – популарните лукумадес, посетија кафуле, цвеќарница, поразговараа со Грци и туристи.

Присуството на кралскиот брачен пар предизвика изненадување и воодушевување кај граѓаните и туристите кои случајно се најдоа на местата каде што помина и застана кралската делегација.