На поротниците вчера им биле прикажани фотографии на кои поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин е гол, и покрај противењето на неговите адвокати, на судењето кое е во тек.

Судскиот илустратор ангажиран од „Ројтерс“ видел неколку фотографии во моментот кога биле претставени пред поротата и направил цртежи за новинската агенција. Обвинителите не прецизирале зошто се прикажани фотографиите во судницата, ниту пак до колку такви фотографии имаат пристап.

Вајнстин не одговори на прашањата на новинарите околу тоа што мисли за прикажувањето на голите фотографии на поротата. Неговата адвокатка, Дона Ротуно, преку електронска пошта одговорила дека фотографиите биле прикажани со единствена цел да се понижи Вајнстин.

Џесика Ман, која го обвини Вајнстин за силување, сведочеше минатата недела за изгледот на голото тело на продуцентот. Вајнстин (67) изјави дека не се чувствува виновен во однос на обвинувањата дека ги злоставувал Ман и уште една друга жена, Мими Халеј. Ман сведочеше дека Вајнстин нема тестиси и се дека неговиот изглед и се чинел „деформиран“ или „бисексуален“ кога за првпат го видела.

Судскиот процес е клучна приказна во движењето „И јас исто така“. Од 2017 година, повеќе од 80 жени го обвинија Вајнстин за сексуално вознемирување, што го стартуваше ова го движење, во кое жените изнесуваат јавни обвиненија против моќни луѓе од деловниот свет, но и од шоу-бизнисот и политиката. Ако биде осуден за едно од најлошите кривични дела, предаторски сексуален напад, тој се соочува до доживотен затвор.