Полицијата успеа да го најде и да го приведе Максим Гарeев (33), осомничен за убиството на руската блогерка Екатерина Карагланова (24), која беше пронајдена мртва во изнајмен стан во Москва, објавуваат руските медиуми.

Грозоморното убиство кое ја потресе Русија беше опишано како сцена од хорор-филмовите, а мотивот на Гарeев денес беше откриен во јавноста.

Карагланова, покрај другите активности, наводно, работела и како дама за придружба за да ги плати студиите по медицина. На Интернет има многу нејзини експлицитни фотографии, а постојат наводи дека таа често добивала уцени и закани, но таа никогаш ништо не пријавила во полиција.

На денот на нејзината смрт, Гареев дошол во нејзиниот стан, откако дознал дека таа се подготвува да отпатува во Холандија со друг маж. Откако и го исекол вратот и ја избодел неколку пати во градите, тој се обидел да ја сокрие во куферот и да се реши од телото. Сепак, не успеал во намерата и одлучил телото на 24-годишната блогерка да го остави во станот, според првичните наводи во истрагата.

Гареев тврди дека Екатерина ја видел на интернет-страниците кои нудат сексуални услуги, но како што пренесуваат медиумите, не можеле да се договорат околу цената за услугите. Таа сметала дека тој понудил премалку пари.

Максим Гарeев

– Ме навреди, ми го уништи сексуалното достоинство и се потсмеваше на моите финансиски способности. Тоа не можев да го поднесам и ја избодев најмалку пет пати во вратот и градите. Се каам поради ова и ќе соработувам со властите – и рекол тој на полицијата.

За потсетување, Екатерина Карагланова не одговарала на повиците на нејзиниот телефон, поради што нејзините родители се загрижиле и побарале од сопственикот на станот да ја провери, по што е откриено нејзиното тело.

Нејзината последна објава на Инстаграм, каде ја следат околу сто илјади луѓе, е за патувањето на грчкиот остров Крф на 22 јули. Телото на младата Русинка беше пронајдено пет дена подоцна.