Белата куќа изработи комеморативна монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.

Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким кои се означени како „врховни лидери“, а на опачината се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “.

Трамп и Ким треба да се сретнат на 12 јуни во Сингапур, иако Пјонгјанг неодамна се закани со можност за откажување на средбата.

Белата куќа редовно изработува комеморативни монети кои се подаруваат на високи функционери или се даваат како сувенири на посетителите.

Поради неизвесноста за одржување на средбата голем број твитераши бурно реагираа на таа социјална мрежа, коментирајќи дека е избрзана изработката на ваква паричка, пишува „ Гардијан“.