Претставничкиот дом на САД ќе гласа за резолуцијата што има за цел да го ограничи овластувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да почне воена акција против Иран.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси изјави дека гласањето ќе се одржи затоа што некои членови на Конгресот биле загрижени дека администрацијата на Трамп не ја разгледала стратегијата и одлуките за време на брифинзите со пратениците.

Ваквата изјава доаѓа откако Техеран истрела ракети врз воени бази со американски војници во Ирак, како реакција на убиството на командантот Касим Сулејмани.