Ерменскиот претседател, Армен Саркисјан, објави дека почнал консултации со премиерот за ситуацијата по потпишувањето на примирјето во Нагорно-Карабах.

Сепак, додава тој, на негово жалење, никој не го прашал за мировниот договор, ниту се консултирал со него.

– Земајќи ја предвид загриженоста на повеќето луѓе поради новонастанатата ситуација, јас веднаш почнав политички консултации – рече ерменскиот претседател, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на „Арменпрес“.

Ерменскиот претседател рече дека ќе одвои 10 дена за консултации.

– Се надевам дека ќе формираме државно единство во рок од 10 дена за да бидам сигурен дека ја направив вистинската работа за земјата – рече Саркисјан.

Ерменскиот претседател рече дека дознал за примирјето во Нагорно-Карабах од медиумите.

– Слушајќи ги медиумите, дознав дека постигнавме договор со претседателите на Русија и Азербејџан да ги прекинеме конфликтите во Нагорно-Карабах. Исто така, дознав од новинарите за условите за крајот на конфликтот – рече тој.

Саркисјан вели дека жали што никој не се консултирал со него.

– Никој не разговараше со мене, на крајот на краиштата, јас сум претседател на Ерменија и не учествував во никакви преговори – нагласи тој.

Крајот на конфликтот во Карабах е прашање од национално значење, додаде ерменскиот претседател.