Познатите канали во Венеција останаа без вода, откако плимата опадна драматично, само два месеца откако беа поплавени градските улици.

Италијанскиот град изграден на лагуна со солена вода често е сведок на осцилации при плимата и осеката, но екстремниот пад неодамна создаде проблеми со транспортот, бидејќи гондолите и другите чамци останаа на суво.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.