Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети.

Според информацијата која Бундесверот ја објави на Твитер, престрелката се случила на северната порта на аеродромот и нема повредени германски војници, пренесе „Дојче веле“.

На аеродромот во Кабул илјадници луѓе сѐуште чекаат да заминат од Авганистан. Западните земји ги евакуираат своите државјани и локалните соработници, по преземањето на власта од страна на талибанците.

Американската влада претходно предупреди од можност да дојде до напад од страна на терористичката милиција Исламска држава на аеродромот или во близината.