Дваесет и два вагона на преполн воз во Индија, кои се одвоиле од локомотивата, се лизгале наназад 12 километри сè додека не биле запрени со помош на барикади на шините, соопшти во недела индиското министерство за железнички сообраќај.

– Можеше да се случи страотна несреќа која беше спречена од персоналот – рече портпаролот на државната железничка компанија.

Во инцидентот, што се случил синоќа, ниту еден патник не е повреден.

Седуммина вработени во железницата се суспендирани и е отворена истрага за настанот.