Премиерот на Етиопија, Абиј Амхед ги смени началникот на Генералштабот, началникот на разузнавачката служба и министерот за надворешни работи. Ова се случи откако војската ја продолжи офанзивата на регионот Тиграј, користејќи и авијација.

Прес-службата на премиерот ги потврди смените на Твитер, но не ги наведе причините за таквата постапка. Како што пренесува „Ројтерс“, Абиј започнал воена кампања во средата, иако меѓународната заедница повика на дијалог со партијата Тиграјски народно-ослободителен фронт (ТПЛФ), наместо да се предизвика граѓанска војна.

Тигрејците го имаа главниот збор со децении, сè додека Абиј не ја презеде власта во 2018 година и постојано се обидува да го намали нивното влијание во земјата, додава Ројтерс.