Никол Пашинијан, премиерот на Ерменија, преку телевизиско обраќање објави дека поднесува оставка со цел да се одржат предвремени парламентарни избори во земјата.

– Оставка поднесувам денес со цел да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни – рече Пашинијан, пренесува РИА Новости.

Пашијан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни и дека во април формално ќе поднесе оставка, со цел да се започне механизмот за распуштање на парламентот, но дека ќе ја предводи владата до изборите.

Според ерменскиот закон, предвремените парламентарни избори се одржуваат не порано од 30 и не подоцна од 45 дена по распуштањето на парламентот.

Механизмот за распуштање на собранието може формално да се иницира по оставката.