Ерменскиот премиер, Никол Пашињан, им порача на своите приврзаници во градот Арапан дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските заробеници во Азербејџан.

– Официјално му кажав на азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, дека предлагам да го предадам мојот син во замена за сите ерменски заробеници – рече Пашинјан, како одговор на неговиот политички ривал, поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, кој ја критикувашепретходната изјава дека размената на затвореници може да почека еден месец до два.

Синот на премиерот, Ашот Пашињан на својот Фејсбук профил објави дека е подготвен да биде дел од размената на затвореници, пишуваат локалните медиуми.