Властите на сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах ги демантираа информациите на официјален Баку дека еден азербејџански војник е убиен и еден е ранет во заседа на локалните ерменски сили. Во понеделникот шестчлена „нелегална вооружена ерменска група“ нападнала азербејџанска единица во селото Агдам, додавајќи дека сите напаѓачи биле убиени. Министерството за внатрешни работи на Нагорно Карабах најави дека ќе преземе „решителни мерки“ доколку се повторат слични напади. Во меѓувреме ерменските оружени сили во Нагорно Карабах го отфрлија извештајот како „пропагандна провокација“, велејќи дека тие „строго го почитуваат“ минатомесечниот договор за прекин на огнот, со кој заврши шестнеделниот конфликт во таа област.

Паралелно на ова министерството за одбрана на Ерменија, исто така, претходно ги демантираше написите во медиумите за борбите на југот на Нагорно Карабах. Според мировниот договор од 10 ноември, кој беше постигнат со посредство на Русија, дел од Нагорно Карабах, како и соседните седум области околу тој регион, беа вратени во Азербејџан по речиси 30 години контрола на Ерменците. На 12 декември беа забележани нови конфликти на југот на Нагорно Карабах, а Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинија за кршење на примирјето.