Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Канг Кјунг-ва изјави денеска дека би било добро неговата земја да прекине со нуклеарните проби, но нагласи дека тоа е само почеток на процесот на денуклеаризација.

Канг изјави дека на претстојната средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Виетнам очекува „видливи резултати“ во однос на прашањето за нуклеарното разоружување.

Овие коментари се реакција на изјавата на Трамп дека не му се брза Северна Кореја да докаже дека се откажала од нуклеарните проби.

– Јас само не сакам тестови. Се додека нема тестови, ние сме среќни – рече Трамп.

Канг нагласи дека целосното нуклеарно разоружување бара „многу поконкретни чекори“.