Разговорите за брегзит меѓу ЕУ и В. Британија продолжуваат во Брисел, додека британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека „црвените линии“ на Лондон остануваат непроменети. Како што пренесуваат западните медиуми, В. Британија сѐ уште се надева дека ќе оствари трговски разговор со Европската Унија со условите што таа ги посакува.
– Нашите црвени линии не се променети и подготвени сме за каков било исход. Се разбира, ние би сакале да се постигне договор и отворени сме за Европејците доколку одлучат да го направат потребниот напредок – нагласил Хенкок. Главниот преговарач на В.Британија, Дејвид Фрост, неодамна изјави дека е постигнат одреден напредок и оти двете страни имаат заеднички нацрт-договор, но дека уште поважни елементи допрва треба да се договорат. Фрост истакна дека можеби не можат да работат на постигнување договор, но оти тоа е можно ако е во согласност со британскиот суверенитет и враќање на контролата врз законите, трговијата и водата.