Маж почина од коронавирусот на Филипините, кој е прв смртен случај надвор од Кина. Пациентот бил 44-годишен државјанин на Кина од градот Вухан, од каде почна ширењето на вирусот.

Тој се заразил од вирусот пред да пристигне на Филипините, соопшти Светската здравствена организација.

Повеќе од 300 луѓе починаа од оваа болест, најмногу од провинцијата Хубеи. Над 14.000 луѓе се инфицирани.

САД, Австралија и голем број други земји го забранија влезот на странци од Кина и бараат нивните државјани да бидат во карантин.