Во Шпанија е потврден прв случај на коронавирус, на канарскиот остров Ла Гомера, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Вирусот бил дијагностициран кај едно лице од вкупно пет кои биле во изолација, откако било утврдено дека биле во контакт со Германец кој имал коронавирус.

Министерството сопшти дека потврдата од Националниот центар за микробиологија стигнала кратко откако авионот со државјани од ЕУ евакуирани од Вухан слетал во Мадрид.

Никој од Шпанците кои биле во тој авион немал симптоми на вирусот, но тие ќе бидат во карантин во воената болница во Мадрид 14 дена.

Во Германија засега се потврдени седум случаи на коронавирусот.