Здравствените службеници во Нов Зеланд соопштија за прв случај на коронавирус, појавен кај човек на 60 годишна возраст, неодамна вратен од Иран.

Лицето се лекува во градската болница во Окланд, а членовите на неговото семејство се изолирани.

Министерството за здравство на Нов Зеланд во својата изјава уверува дека ризикот за јавното здравје од инфекцијата е добро управуван.

Оттаму додаваат дека пациентот пристигнал со летот на Емирати во Окленд во средата.

Сите патници што патувале со овој лет, а кај кои ќе се јават одредени симптоми , да контактираат со здравствени експерти.