Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден следната недела најверојатно ќе прими вакцина против коронавирус, соопшти преодниот тим на Бајден. Актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе биде вакциниран пред Бајден, откако Белата куќа објави дека в петок ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место, пренесува Ројтерс.

Неколку дена претходно, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш изјавија дека и тие ќе бидат вакцинирани.