Фото: Фејсбук

Неколку луѓе починаа како последица на топлотниот бран којшто зафати повеќе делови на Европа, а температурите сè уште ќе се зголемат и ќе надминуваат 40 степени.

17-годишен работник, почина на фарма во шпанскиот град Кордоба, откако се разладил во базенот, а 80-годишник почина на улица во северниот шпански град Ваљадолид. Во Велика Британија полицијата ги предупредила луѓето на опасност од разладување во реките и езерата, откако 12-годишно девојче се удави во реката Ирвел.

Француската метеоролошка служба, за првпат го активираше највисокото ниво на предупредување за топлината, а под посебен надзор се наоѓаат четири области околу Марсеј и Монпелје на југот од земјата, објави АП.

Според прогнозите, температурите денес ќе достигнат над 45 степени, што е реткост за Франција.Околу четири илјади училишта се затворени, а локалните власти ги откажаа програмите и карневалите кои традиционално се одржуваат на крајот од учебната година.

Германија, Полска и Чешка, исто така, се соочуваат со рекордни високи температури во јуни.Во Каталонија беснеат шумски пожари, најголеми во последните 20 години. Во осумте региони на Шпанија, н асила е црвен метео аларм, бидејќи се очекуваат температури до 42 степени.

Италија во 16 градови стави на сила итни предупредувања поради високите температури.