Првите резултати од изборите за Европскиот парламент во Германија покажуваат дека владејачкиот блог на канцеларката Ангела Меркел ЦДУ / ЦСУ, иако во значителен пад, освои најсилна поддршка односно 28 отсто од гласовите.

Во битката за места во Европскиот парламент, Зелените освоија поголем број гласови отколку во 2014 година и се втори, додека кај екстремната десница има мало зголемување на гласовите, објавија германските медиуми.

Иако владејачккиот блог ЦДУ / ЦСУ ја доби најсилната поддршка од 28 отсто од гласовите, ова претставува значителен пад од претходните европски избори, кога освои 35,4 отсто од гласовите.

За германските социјалдемократи оваа година гласале 15,5 отсто за разлика од 2014 година кога за нив гласале 20,7 отсто.

Зелените освоија двојно повеќе гласови од претходните европски избори.

Крајната десница, Алтернатива за Германија, освои 10,5 отсто од гласовите, повеќе од гласовите добиени во 2014 година, но помалку од резултатите од националните избори во 2017 година.