Тврдејќи дека сојузната влада на САД не ги претставува вредностите на жителите на Тексас, државниот претставник од Хил Каунтри сака на Тексашаните да им се овозможи отцепување од САД.

Кајл Бидерман рекол дека планира да поднесе предлог-закон кој би овозможил референдум за сецесија, пренесе порталот Ксат.

Бидерман, кој е републиканец, вели дека неговиот предлог се совпаѓа со Уставот, како и дека Тексашаните имаат право да ја реформираат или да ја укинат владата. Тој не дал повеќе детали за законот, кој планира да го предложи.