Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта де Толедо во Мадрид.

Неофицијално, можно е да да станува збор за несреќа предизвикана од истекување на гас. Се појавија обвинувања дека станарите почувствувале мирис на бензин неколку часа пред експлозијата.

Локалните медиуми објавија дека експлозијата се случила во време кога работниците ги проверувале инсталациите за гас во зградата.
Шпанската телевизија Ла Секст, ги пренесе зборовите на еден сведок кој изјави дека најмалку шест лица се повредени. Ел Паис пренесува дека најмалку три лица загинале.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луиз Мартинез Алмеида претходно изјави дека најмалку две лица го загубиле животот. Телемадрид известува дека едно лице е заробено во зградата.
Загинале 85-годишен маж и жена. 26-годишен маж е сериозно повреден и се здобил со фрактура на зглобот и повреда на ‘рбетот. Еден 53-годишен маж се здобил со потрес на мозокот, објави Брзата помош во Мадрид.
Едно дете е полесно повредено кога било удрено од делови од зградата кои летале по експлозијата, потврдија пожарникарите. Во експлозијата се уништени три ката на зградата во улицата Толедо, пишува весникот Паис. Зградата погодена од експлозијата припаѓа на црквата „Богородица од Палома“, се вели во извештајот на пожарникарите.

Домот за стари лица е во близина, но портпаролот на таа институција рече дека ниту еден штитеник ниту вработен не е повреден.