Во Барселона се зголемени безбедносните мерки, откако САД ги предупредија за терористички напад за време на Божиќните и Новогодишните празници.

Во предупредувањето од САД, кое беше испратено до американските државјани во Барселона, се советува за „зголемена будност“ во јавниот транспорт во населбата Лас Рамблас.

Минатата година во центарот на градот беа убиени 14 луѓе во напад за кој одговорност презедоа екстремистите од Исламска држава.

Регионалната полиција не ја коментираше евентуалната закана, наведувајќи дека безбедносните мерки се засилени во рамки на „внимателност за време на божиќниот период“.