Сто и тринаесет бродови поминаа низ Суецкиот Канал во двата правца откако товарниот брод што го блокираше водениот пат беше преместен, објави денеска египетската државна телевизија.

Колони бродови синоќа повторно тргнаа низ каналот, пренесуваат медиумите.

Уште 140 бродови се очекува да поминат преку Суецкиот Канал денес, изјави претседателот на Управниот одбор на Суецкиот Канал, Осама Рабија.

Тој рече дека 95 бродови ќе поминат до 19 часот по локално време, а други 45 до полноќ, потврдувајќи ги неговите надежи дека застојот поради блокадата, ќе се надополни за три-четири дена.