Се проценува дека трите главни земји за производство на опиум (Авганистан, Мексико и Мјанмар) имаат удел од околу 96 отсто од вкупното светско производство во 2018 година, со тоа што само Авганистан учествува со 82 отсто. Падот во светското производство на опиум во 2018 година главно се должеше на лошата жетва во Авганистан, при што следуваше намалување од 20 отсто на подрачјето на кое се одгледуваше како резултат на сушата. Производството на опиум во Мјанмар исто така малку се намали, од 550 тони во 2017 година на 520 тони во 2018 година. Мјанмар и натаму е втор по големина производител во светот, веднаш по Авганистан. Државата останува да биде главен снабдувач на опиум и на хероин во Источна и во Југоисточна Азија, како и во Австралија.