Либиските сили кои се обидуваат да го заземат Триполи минатата недела по грешка соборија американски дрон, објавија денеска официјални лица.

Американската војска соопшти дека во четвртокот изгубила едно беспилотно летало за време на проценување на безбедносната состојба и следење на активностите на екстремистите.

Самопрогласената Либиска национална армија (ЛНА), предводена од генерал Калифа Хафтар, во април започна офанзива за освојување на Триполи откако претходните години од Исламска држава зазедоа поголем дел од источна Либија. Либија сега е поделена на влада на исток, која се приклучи кон Хафтар и на запад во Триполи, поддржана од Обединетите нации.