Тринаесеттото издание на традиционалниот форум Европа – Украина денеска ќе биде отворено во Жежов, Полска, под мотото „Нови можности, стари закани“.

Гостите од Полска, Украина, како и од други европски и неевропски држави ќе дискутираат за предизвиците со кои се соочува Украина за време на дводневниот фурум.

Од 2007 година, ова беше еден од клучните настани организирани од Институтот за источни студии. Во фокус на форумот, меѓудругото ќе бидат прашањата поврзани со продолжувањето на реформите и модернизацијата на Украина, со новата администрација избрана на претседателските и парламентарните избори.

Украинското општество има големи очекувања од новоизбраните власти. Сега останува прашањето, кои политики ќе бидат спроведувани од новите власти и дали Украина целосно ќе ги искористи можностите понудени од соработката со ЕУ и со НАТО. Кои се следните чекори на Киев и на неговите западни партнери за да се осигури континуираниот развој на државата и продлабочување на интеграцијата со европските и евроатланстските структури.

На форумот ќе присуствуваат повеќе од 800 учесници од Полска, Украина, членките на ЕУ, како и од САД. Нивното внимание ќе биде насочено на предизвиците со кои се соочува европската заедница со вклученоста во украинското прашање. Планирани се над 30 панели за дискусија и 10 презентаци. А еден од придрушните настани ќе биде четвртиот Источен саем на кој компаниите ќе имаат можности да се претстават и да стекнат нови бизнис-врски. За време на форумот Европа – Украина ќе се одржи и вториот словачки форум.