Второто судење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, почна во американскиот Сенат. Судењето следува по обвинение за поттикнување упад на неговите приврзаници во зградата на Конгресот на 6 јануари.

Ова е првпат на американски претседател да му се суди по напуштањето на функцијата.

Адвокатскиот тим на Трамп го нарече судењето апсурдно и неуставно бидејќи тој веќе ја напуштил функцијата.

Стотици приврзаници на Трамп упаднаа во Конгресот судрувајќи се со полицијата и барајќи начин да го запрат процесот што требаше да ја потврди изборната победа на Џо Бајден.

Упадот, кој според некои демократи беше обид за државен удар извршен од домашни терористи, се смета за најопасен напад врз американската демократија од Граѓанската војна во 1860 година.