Во Дизелдорф денеска почна судењето во случајот на пиварниците Карлсберг и Радебергер, кои беа казнети да исплатат над 330 милиони евра поради илегално договарање на цените на пивото. „Пивскиот картел“ бил договорен во 2007 година, и како резултат на овој договор потрошувачите плаќале повисоки, непазарни цени за пиво.

Вкупно 11 компании беа опфатени од скандалот, во кој пивницата АБ ИнБев призна дека биле вмешани, додека Карлсберг и Радебергер ги негираа обвинувањата. Случајот сега е пред апелациски суд во Дизелдоф.