Почнаа парламентарните избори во Словачка, каде за 150 пратенички места се борат кандидати од 23 партии и една партиска коалиција. За да влезе во парламентот секоја политичка партија или коалиција треба да освои најмалку пет отсто од гласовите на избирачите. Конечните резултати од изборите се очекуваат во недела.

Гласањето почна во 7 часот и ќе заврши во 22 часот по локално време, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Во земјата се отворени 5.998 избирачки места. Граѓаните можат да гласаат и преку Интернет, а оваа можност се користи главно од Словаците кои живеат во странство.