Џон Хјум, римокатолик и еден од архитектите на северноирскиот миреовен договор постигнат на Велики петок во 1998 година, почина денеска на 83 годишна возраст, објави неговата Социјалдемократска и лабуристичка партија.

Хјум поради неговата улога во ставањето крај на 30-годишното насилство меѓу католиците и протестантите доби Нобелова награда за мир.

Со договорот на Велики петок на 10 април 1998 година, ставен е крај на 30-годишното насилство во Северна Ирска, со околу 3500 загинати луѓе.

Хјум е заслужен за поттикнување на мировните преговори во таа британска покраина, Нобеловата награда за мир во 1998 година ја подели со тогашниот северноирски министер Дејвид Тримбл од протестанската Улстерска унионистичка партија.