Кенискиот претседател Даниел арап Мои почина во својата 95-та година.

Причината за смртта сè уште не е потврдена, но познато е дека тој последниве месеци честопати бил во болницата поради проблеми со дишењето.

Мои дојде на власт во 1978 година по смртта на првиот претседател Џомо Кенијата и беше активен до 2002 година, кога му истече мандатот.

Вториот кениски претседател ќе биде запаметен по неговото сурово владеење и обвинувањата за кршење на човековите права.