Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека неговиот помлад брат Роберт Трамп починал во саботата навечер, ден откако претседателот го посетил во болницата во Њујорк.

– Со тешко срце изјавувам дека мојот прекрасен брат Роберт мирно замина вечерва. Тој не беше само мој брат, туку и мој најдобар пријател. Многу ќе ми недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Спомените за него засекогаш ќе живеат во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир – напиша Трамп во изјавата.

Роберт Трамп, кој имаше 71 година и беше три години помлад од претседателот, работел како градежен изведувач.

Причината за неговата смрт не е утврдена. Трамп во петокот пред новинарите изјави дека неговиот брат „минува низ тежок период“ поради непозната болест.