Поранешниот британски двоен агент Џорџ Блејк, кој шпионораше за Советскиот Сојуз во текот на 50-тите години од минатиот век, почина на 98 години во Русија.

Портпаролот на руската разузнавачка служба, Сергеј Иванов изјави дек Блејк искрено ја сакал својата земја и се воодушевувал на подвизите на рускиот народ за време на Втората светска војна.

Поранешниот член на отпорот во Холандија за време на Втората светска војна, а потоа агент на британската разузнавачка служба МИ6, во текот на Студената војна своите услуги во 50-тите години ги понуди на тогашен СССР, откако сведочеше за американското бомбардирање на цивилното население во Кореја.

Блејк во 1961 година во Велика Британија беше осуден на 42 години затвор, но пет години подоцна побегна и премина во тогашна Источна Германија, а потоа во Русија.