Кралот на народот Зулу во Јужна Африка, Гудвил Звелитини, почина на 72-годишна возраст, потврди кралското семејство.

Локалните медиуми објавија дека кралот неодамна бил хоспитализиран во болница во Ква Зулу Натал поради проблеми со дијабетес, пишува „Ројтерс“.

– Трагично, здравјето на неговото височество се влоши додека тој беше во болница, каде што почина во раните утрински часови. Во име на семејството, ние сме благодарни на нашиот народ за поддршката и молитвите во најтешките моменти – рече основачот на Слободарската партија Инаката и премиер на народот Зулу, принцот Магосуто Бутелез, пренесува „Ројтерс“.