Поранешниот француски претседател и премиер Жак Ширак, кој се залагаше за силна ЕУ, но на крајот од политичката кариера се мачеше со корупциски скандали, почина вчера, на 86-годишна возраст.

Меѓу неговите поголеми домашни реформи е намалувањето на претседателскиот мандат од седум на пет години и укинувањето на задолжителната воена обврска. Тој се залагаше за устав на ЕУ, кој беше отфрлен од гласачите, а за време на неговиот мандат Франција го воведе еврото. Ширак доби силна поддршка за противењето на инвазијата на Ирак во 2003 година и беше првиот лидер што ја призна улогата на Франција во депортацијата на Евреите во Втората светска војна, посочува Би-би-си.