Соединетите држави и Талибанците денеска потпишаа мировен договор насочен кон прекин на војната во Авганистан, која трае веќе 18 години.

САД, како што е предвидено во договорот, ќе започнат со повлекување на војската во замена за обврската на Талибанците дека Авганистан ќе престане да биде упориште за терористички напади. 

Доколку Талибанците го исполнат ветувањето, сите американски трупи ќе се повлечат за 14 месеци.

Овој договор би можел да му помогне на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го исполни своето главно ветување во кампањата, а тоа е дека ќе ја извлече Америка од бескрајните војни.

Американската војска го нападна Авганистан по терористичките напади на Ал-Каеда на американско тло кои беа спроведени на 11 септември 2001 година.