Властите во западниот дел на Конго објавија дека најмалку 30 лица загинале, а 200 се исчезнати кога бродот потонал во езерото Маи Ндомба.

Градоначалникот на Инонго рече дека повеќето патници биле наставници и дека патувале со брод за да ги подигнат платите, бидејќи патиштата во областа биле во ужасна состојба, објави АП.

Засега не е познато колку луѓе имало на бродот што потона во саботата вечер поради лошите временски услови.

Се претпоставува дека на бродот имало неколку стотици патници, од кои 80 успеале да се спасат.