Џина Хаспел ќе стане прва жена-директор на ЦИА откако американскиот Сенат го потврди нејзиниот избор на чело на Агенцијата.

Со ова заврши бурната дискусија околу нејзината номинација која се водеше поради нејзината поврзаност со техниката за симулација на давење и други брутални техники за испрашување затвореници, кои ЦИА ги користела во минатото.

Хаспел е 33-годишна ветеранка на агенцијата, која моментно ја извршува функцијата в.д. директорка на ЦИА.

За изборот на Хаспел гласале 51 сенатор во телото каде е потребно просто мнозинство за да биде потврдена нејзината номинација. Вкупно 43 членови на Сенатот биле против.