Португалскиот парламент го отфрли законот кој предвидува легализација на доброволната евтаназија за термално болни пациенти во земјата, во земја каде мнозинството од населението се католици.

Законот беше отфрлен со мала разлика во гласовите, но гласањето собра доволна поддршка за да обезбеди понатамошни дебати за тоа прашање.

Предложен од владејачките социјалисти, за нацрт-законот гласаа 110 пратеници во 230-члениот парламент. Против беа 115, а четворица воздржани.