Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, само што ја презеде новата должност, а веќе беше повредена на работа – таа доби модринки откако се најде меѓу обезбедувањето на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун и медиумите кои се обидуваа да се приближат до американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот домаќин, на историската средба во демилитаризираната зона.

Гришам која има 42-години, наводно го туркала обезбедувањето обидувајќи се да им помогне на фотографите од Белата куќа да го снимат моментот на ракување меѓу Трамп и Ким, пишува „Фокс њуз“.

Засега не е познато дали Гришам побарала медицинска помош и дали некој друг бил повреден во таа прилика.

Гришам до неодамна бепе портпаролка на првата дама на САД, Меланија Трамп, а минатата недела на местото портпарол на Белата куќа ја замени Сара Сeндерс.