Шест лица загинаа, а едно се води како исчезнато по силните дождови и поплави кои ја погодија југоисточна Кина.

Официјалната новинска агенција „Ксинхуа“ денеска пренесе дека 88.000 луѓе биле евакуирани во провинцијата Јангси поради силни ветришта, град и поплави. Повеќе од 100 куќи се уништени, објави АП.

Властите делат памучни ќебиња, лежалки од бамбус и други видови помош во погодените области.

Официјални лица од службите за вонредни состојби изјавија дека дождовите што започнале минатата недела предизвикале поплави во четири градови.

Обилните дождови се очекува да продолжат до 12-ти јуни.