Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска изјави дека на Самитот на НАТО сите земји членки изразиле целосна поддршка за политиката на Киев за членство во Алијансата.

– Нема да кажувам датуми, но сакам да кажам дека никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО. Тоа е суверено право на украинскиот народ, посочи Порошенко по завршувањето на Самитот на Алијансата.

Тој додаде дека поголемиот дел од украинските граѓани го поддржуваат курсот на Украина кон НАТО.

– Конечно ги завршивме разговорите дека членството на НАТО ќе ја иритира Русија, посочи Порошенко.

Украинскиот претседател во Брисел имаше средби со американскиот и францускиот претседател Доналд Трамп и Емануел Макрон, при што разговарал за нивните претстојни средби со претседатлот на Русија, Владимир Путин.