Откако големопродажната цена на храната првпат забележа драстичен пад за време на пандемијата на коронавирусот, светскиот индекс за цена на храната ФАО покажа нагло зголемување по него. Неодамна, храната во светот поскапе за 13,3 отсто повеќе во однос на просекот за периодот од 2014 до 2016 година, а јануарските бројки беа највисоки во последните шест години.
Иако цената на палминото масло го зголеми индексот во четвртиот квартал на 2020 година, светските цени на житарките и на шеќерот пораснаа исто толку во јануари, а ваков скок не е запаметен долги години. Сувото време и нарушеното производство поради ковид-19, заедно со високата побарувачка во Индија и во Кина, доведоа до осиромашување на светските резерви на палмино масло, кое продолжува да ги зголемува цените. Порастот на цените на шеќерот и житарките, особено на пченката, се должи на нивното намалено одгледување во САД и во Европската Унија. Посувата клима во Јужна Америка и високата побарувачка на пченка во Кина исто така имаа свој удел во порастот на цените.
Наголемо се шпекулираше дали последиците од пандемијата на коронавирусот ќе ги зголемат цените на храната, но поради економскиот пад и намалената побарувачка на домаќинствата, всушност, се случи спротивното на почетокот од 2020 година и достигна најниско ниво во мај. Како што траеше кризата и државите делумно се отвораа, светската побарувачка и цените повторно пораснаа за време на летото. Нарушувањата во производството како резултат на ковид-19 навистина имаат моќ во нагорниот тренд на цените во сегашната состојба на пазарите.