фото: Фејсбук

Поранешната данска министерка за миграција Ингер Стојберг е отстранета од парламентот со одлука на нејзините колеги пратеници, откако беше повикана на одговорност во редок случај на отповикување на почетокот на овој месец.

Минатата недела Стојберг беше речиси едногласно осудена на 60 дена затвор пред судот за отповикување, бидејќи за време на нејзиниот мандат како министер за миграција во 2016 година, таа свесно наредила разделување на малолетни двојки кои барале азил.

– Заклучокот во овој случај мора да биде дека пресудата на судот за отповикување изречена на г-ѓа Ингер Стојберг е некомпатибилна со нејзиното членство во парламентот – изјави пред пратениците Џепе Брус, портпарол на владејачката Социјалдемократска партија.

Според данскиот закон за човекови права, секоја бегалска двојка, без разлика дали е во брачна или вонбрачна заедница, мора да се оценува посебно врз основа на ситуацијата, што потврдува дека наредбата на министерката за разделување на сите малолетни парови била незаконска.

Во 2016 година беа разделени вкупно 23 двојки, но истата година правилата беа изменети и усогласени со законот.