Американските власти привеле поранешен вработен во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) под сомнение за предавање доверливи информации во полза на Кина.

Во соопштението на американското Министерство за правда се наведува дека 67- годишниот Александар Јук Чинг Ма, со потекло од Хонгконг, направил заговор со соучесник, негов роднина, кој исто така работел во ЦИА.

Како што се наведува, тој и соучесникот предале на кинеските власти доверливи документи за вработените, методите на работа и операциите на ЦИА, а за возврат добиле 50 илјади долари. Дел од оваа трансакција била снимена на видео, се додава во соопштението. Потоа тој се вработил во Федералното биро за истраги како преведувач и, според обвинението, шест години испраќал копии од тајни документи на кинеското разузнавање.