Холандските власти наредиле да се испразни аеродромот Мастрихт Ахен откако пристигнала закана за бомба, објави денеска холандската новинска агенција АНП.

АНП се повикува на податоци од воената полиција, која патролира по границите и е одговорна за безбедноста на аеродромот, пренесе „Ројтерс“.