Авионите од аеродромот Хитроу во Лондон не полетуваат откако во близина на аеродромот е забележан дрон.

Портпаролката на аеродромот Хитроу изјави дека полицијата работи на спречување каква било закана за оперативната безбедност.

Таа посочи дека летовите се прекинати од безбедносни причини и им се извини на патниците поради непријатноста.

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ во декември беше затворен поради дронови кои летаа над пистата. Тогаш, во период на празници, десетина илјади патници беа „заглавени“ на аеродромот.